Connect with us

Останати спортови

Марк Маркес го освои Брно

Мотоциклистот на Дукати, Марк Маркез е победник на ГН на Чешка во Мото ГП шампионатот што се возеше на патеката во Брно. Ова за Шпанецот беше 101 победа во кариерата во сите категории, а 75.та во „кралската класа“.

Маркез патеката ја мина за 39:51.29 минути. Второто место му припадна на Аи Огура, трет заврши Франческо Бањаја.

Во генералниот пласман водат возачите на Априља, Марко Бецеки со 180 бодови и Хорхе Мартин со 172 бода. Бецеки не возеше на трката бидејќи во саботата доби дисквалификација поради инцидент со еден од редарите.

Следната трка ќе се вози на 28.јуни за ГН на Холандија.

Ad
Ad