Фудбал
СП 2026: Селекторот на Турција со порака до неговите играчи да бидат со главите горе
Репрезентацијата на Турција има уште само еден натпревар на Светското првенство и го завршува настапот на Мундијалот. Клучно за елиминацијата на Турција беше поразот утрово од Парагвај со 1:0.
Италијанскиот тренер на клупата на Турција, Винченцо Монтела смета дека среќата не беше на нивна страна, имаа голем број на шутеви на двата натпревара, но не постигнаа гол.
– Навистина жалам, многу сме разочарани. Очекувањата на нашата нација беа големи. Жалам и за луѓето од Турската федерација, знам дека се трудат, како и самите играчи. На двата натпревара имавме 65 удари и не постигнавме гол, тоа се случува еднаш во 50 години. Им реков на моите играчи да ги држат главите горе, против судбината не се може, изјави Монтела.
Турција во следното коло во последниот натпревар игра против САД:
јуни 20, 2026


