Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во Царината е единствен
Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинската управа од СДС, наместил тендер за одржување хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10 % од тендерот, кој самиот го наместил.
Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10 %, тоа значи дека тој ќе инаксирал 1,8 милион денари.
Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а Венко Филипче, како и за сите претходни, не се оградува и не осудува.
Која е мерната единица на СДС и Филипче за да осудат каков било криминал? Ако ова не го сметаат за криминал, колку државни пари требало да украде Богац за да ја премине границата и Филипче да се огради?
Го повикуваме ЈО да истражи дали ова е единствениот тендер што Богац го наместил за време на мандатот како директор.
јуни 10, 2026


