Connect with us

Останати спортови

Љубомир Спасиќ освои бронзен медал на Светското првенство во кајак спуст на диви води

Македонскиот репрезентативец Љубомир Спасиќ член на ККК „Арка – Борец“ од Велес освои трето место и бронзен медал на Светското првенство во кајак спуст на диви води што се одржува на реката Врбас во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Во силна конкуренција од целиот свет, во категоријата Мастерс 35+ Спасиќ успеа достоинствено да ги брани боите на Македонија и да донесе голем успех за македонскиот спорт.

Во изјавата за МИА, Спасиќ потенцира дека овој успех многу му значи во неговата кариера, а со него Македонија е на листата на најуспешните кајакари во светот.

– Подготовките беа тешки, секој ден беше исполнет со тренинзи и анализа на патеката, но верував дека можам да направам добар резултат и ете успеав да докажам голем успех со своето искуство,подготвеност и борбен спортски дух. Среќен сум што успеав Македонија да ја претставам на најдобар можен начин. Напорните тренинзи, дисциплината и посветеноста на крајот вродија со плод, а освоениот медал претставува голема награда за целиот вложен труд, изјави Спасиќ.

Инаку Светското првенство во кајак спуст на диви води во Бања Лука продолжува и во сениорска конкуренција, каде Љубомир Спасиќ заедно со македонските репрезентативци Александар Златаров и Благој Гугинов ќе се обидат повторно достојно да ја претстават Македонија против најсилната светска конкуренција во кајак спуст на диви води.

Воедно настапот и освоениот медал во Мастерс 35+ претставуваат уште една потврда дека македонскиот кајак има квалитет и потенцијал за високи резултати на меѓународната сцена,Овој успехот на Спасиќ е мотив повеќе за идните генерации кајакари на Македонија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1