Останати спортови
ИН МЕМОРИАМ: Почина Бошко Стаменковски, светски шампион и рекордер во бенч-прес и пауерлифтинг
Почина Бошко Стаменковски, еден од најуспешните македонски спортисти во пауерлифтинг и бенч-прес, светски и европски шампион кој со своите резултати ја афирмираше државата на меѓународната спортска сцена.
Стаменковски, кој е роден во јануари 1971 година во Македонска Каменица, подолг период се соочуваше со здравствени проблеми.
Во текот на својата спортска кариера важеше за еден од најдоминантните натпреварувачи во пауерлифтинг и дисциплината бенч-прес, освојувајќи бројни домашни и меѓународни признанија. Со своите импресивни резултати и поставени рекорди редовно ја претставуваше Македонија на европски и светски натпревари.
Освен како врвен спортист, во јавноста ќе остане запаметен и како човек со силен карактер, голем пријател и личност која остави длабока трага меѓу сограѓаните и спортската јавност.
Информацијата за неговата смрт предизвика бројни реакции и изрази на сочувство од спортски работници, пријатели и граѓани, кои се простуваат од човекот што со своите успеси го прослави името на Македонија.
мај 22, 2026
