Connect with us

Кошарка

Шампионот Оклахома поведе против Лејкерс, а Детроит против Кливленд

Кошаркарите на Оклахома поведоа со 1-0 против Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА лигата со победа синоќа на домашен терен од 108-90 .

Чет Холмгрен со 24 поени ги предводеше актуелниот НБА првак до стартната победа во полуфиналната серија против Лејкерс, а Аџеј Мичел и Шеј Гилџес-Александер додадоа по 18 поени.

Во тимот на Лејкерс, Леброн Џејмс беше најефикасен со 27 поени.

Вториот натпревар е закажан за ноќта меѓу четврток и петок, а домаќин повторно ќе биде Оклахома.

Во воведниот натпревар од полуфиналната плејоф серија на Истокот, Детроит го совлада Кливленд со 111:101 на домашен терен.

Кејд Канингем со 23 и Тобијас Харис со 20 поени беа најефикасни во редовите на Детроит.

Вториот натпревар од серијата до четири победи е закажан за ноќта меѓу четврток и петок во Детроит.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4