Кошарка
Евролига: Олимпијакос прв учесник на фајналфорот
Олимпијакос е првиот тим што избори пласман на завршниот фајналфор во кошаркарската Евролига, откако синоќа на гостински терен го совладаа Монако со 105 – 92 и во доминантен стил со 3-0 го елиминираа францускиот тим во четвртфиналната серија до три победи.
Грчкиот тим имаше водство од самиот почеток на третиот натпревар, и по водството од 26-17 по првата четвртина, предноста на Олимпијакос на полувремето достигна недостижни +21 поени (61-40).
Прв стрелец во редовите на Олимпијакос беше Еван Фурние со 22 кошеви, додека Алек Питерс реализираше 18 поени.
На програмата вечерва се третите натпревари во пресметките меѓу Жалгирис – Фенербахче и Панатинаикос – Валенсија. Турскиот и грчкиот тим имаат водство од 2-0 по воведните натпревари.
мај 7, 2026

