Ракомет
Ракометарите на Охрид го совладаа Алкалоид
Ракометарите на ГРК Охрид триумфираа вечерва на гостински терен над Алкалоид со 27-26 во рамки на 29. коло и се искачија на второто место на табелата македонската Супер лига.
Гостите од Охрид од самиот почеток беше во водство кое на полувреме изнесуваше 17-12, но ракометарите на Алкалоид успеаја да дојдат до гол негатива во самиот финиш, но немаа сили да го избегнат седмиот пораз оваа сезона по кој останаа на четвртото место на табелата.
Јасухира со седум голови беше најефикасен во редовите на Охрид, додека Пилиповиќ запиша десет интервенции.
Во редовите на домашниот тим, Дамјан Митев беше најефикасен со шест голови.
мај 6, 2026

