Ракомет
Пехарот во ЕХФ Европскиот куп ќе се доделува во Охрид
Победничкиот пехар во ЕХФ Европскиот куп ќе биде доделен во Охрид, по завршувањето на вториот финален натпревар од ова натпреварување меѓу Охрид и Татабања. На денешното извлекување во Виена беше одредено првиот натпревар да се игра во Унгарија на теренот на Татабања, а реваншот во Охрид во СЦ „Билјанини извори“.
Термини за одигрување на натпреварите се деновите од викендот 23/24.мај (прв натпревар) и 30/31.мај (реванш).
Точните датуми и саатницата ќе бидат одредени во следните денови.
Актуелен победник во ова натпреварување е македонскиот тим Алкалоид.
мај 6, 2026

