Останати спортови
Штафетата на Боцвана истрча трето најбрзо време во историјата на 4×400
Финалната трка на Светските атлетски штафети 2026 во Габароне го донесе третиот најдобар резултат во историјата во штафетата 4×400, а го постигна четиричлениот состав на домаќинот Боцвана.
Штафетата на Боцвана, во состав Ли Бекемпило Епи, Летсиле Тебого, Бајапо Ндори и Колен Кебинатшипи, постигна резултат 2:54,47, што е трето најбрзо време на сите времиња во оваа дисциплина и само 18 стотинки поспоро од светскиот рекорд (2:54,29) што штафетата на САД, предводена од легендарниот Мајкл Џонсон, го постигна во 1993 година.
Второто најбрзо време во штафетните трки 4×400, исто така, е во сопственост на американска штафета, од Олимписките игри 2024 во Париз со време од 2:54,43.
На финалната трка во главниот град на Боцвана, воедно, беше постигнат и најдобриот индивидуален резултат во историјата на штафетните трки 4×400.
Дваесетитригодишниот член на штафетата на Јужна Африка, Лајт Пилај, истрча најбрзи 400 метри со време од 42,66 секунди, надминувајќи го рекордот од 42.94 што го постигна Мајкл Џонсон на Светското првенство во 1993 година.
мај 5, 2026

