Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најде да говори за слободата на медиумите, нема медиум и нема новинар со кој не се скара
Филипче најде да говори за слободата на медиумите и извештајот на Репортери без граници. Филипче се најде за кредибилен и легитимен да говори за слободата на медиумите, кога нема медиум, портал и новинар со кого не се скара, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставот на претседателот на СДСМ Венко Филипче, што МИА ја пренесува интегрално.
Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, Зоран Башановиќ, кон медиумите е крајно арогантен, срамен и во одредени случаеви и безобразен.
Филипче треба да си стави прст на чело и да размисли што прави со новинарите и медиумите и дали тој негов однос е правилен. Доколку смета дека така треба, следната година уште надоле ќе одиме.
април 30, 2026

