Connect with us

Фудбал

Симеоне: Во полуфинале на ЛШ за да се досуди пенал потребна е чиста ситуација

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на пеналите досудени синоќа на ремито 1:1 со Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

– Во полуфинале на Лигата на шампионите, потребна е чиста ситуација за да се досуди пенал. При пеналот против нас во првото полувреме, контактот беше минимален, па мислам дека можеби не беше пенал. Контактот беше одзади, а играчот го очекуваше и падна.
При нашиот пенал, благодарение на VAR, се виде чисто играње со рака. На крајот, ВАР го поништи вториот пенал досуден за нив. Помошта од видеотехнологијата понекогаш го дава она што е потребно, а понекогаш не, истакна Симеоне за „АС“.

Реваншот ќе се одржи на 5 мај, на стадионот „Емирати“ во Лондон. 

Вториот финалист ќе биде одреден помеѓу Баерн и ПСЖ. Парижаните го добија првиот натпревар со 5:4.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1