Connect with us

Свет

Маж со чекан повредил пет лица во Токио, тројца од нив полицајци

Маж вооружен со чекан повредил пет лица во Токио, јавуваат јапонските медиуми.

Според информациите, напаѓачот удрил едно момче во пределот на лицето, а меѓу повредените има и тројца полицајци.

Осомничениот успеал да избега по нападот.

Станува збор за 44-годишен маж, кој нападнал две момчиња во близина на својот дом. Едниот од нив бил тешко повреден во лицето, додека другиот минал со полесна повреда на рамото.

По пријавата, на местото пристигнале полициски службеници, при што осомничениот ги испрскал со засега непозната супстанца. Во инцидентот биле повредени тројца припадници на полицијата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4