Connect with us

Фудбал

Салах наскоро ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Египет, Мохамед Салах најверојатно веќе го одигра и последниот натпревар за Ливерпул, откако во саботата се повреди на дуелот со Кристал Палас. Салах на лето ќе го напушти Ливерпул, во договор со клубот иако има договор до 2027 година.

Во моментов интерес за Салах, најголем има од Саудиска Арабија, иако има понуди од Италија и од Франција.

Во периодот на рехабилитација од повредата се очекува Салах да објави каде ќе ја продолжи кариерата.

Инаку последните мислења на медицинскиот тим на Ливерпул се дека Салах ќе отсуствува три недели, а тоа значи дека тој ќе може да биде на располагање на менаџерот на „црвените“ Арне Слот за дуелот од последното коло од Премиер лигата против Брентфорд на 24:мај со Брентфорд на Енфилд.

Салах во Ливерпул настапува од 2017 година и постигна повеќе од 250 голови.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4