Фудбал
Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите одигран вечерва донесе исклучително квалитетен фудбал и девет голови на дуелот меѓу европскиот првак ПСЖ и Баерн – 5:4 за ПСЖ. Домашниот тим на почетокот на вториот дел имаше и три голови предност (5:2), но гостите од Германија сепак го намалија убедливото водство на противникот.
Головите за ПСЖ ги постигнаа: Квича Кварацкелија и Усама Дембеле по два и Жоао Невеш еден, додека за Баерн стрелци беа: Хари Кејн, Мишел Олисе, Упамекано и Луис Диаз.
Реванш натпреварот во Минхен се игра на 6.мај.
Утревечер се игра второто полуфинале меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал.
април 29, 2026

