Свет
Ирански преговарач: Трамп со продолжувањето на примирјето купува време
Продолжувањето на примирјето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е тактика за купување време за ненадеен напад – изјави синоќа советникот на претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач, Мохамад Бакер Калибаф.
Советникот на Калибаф во објава на Х рече дека продолжувањето на американската блокада на иранските пристаништа „не е ништо поинакво од бомбардирање и дека мора да се соочи со воен одговор“.
Трамп синоќа најави продолжување на примирјето со Иран за да му даде на Техеран повеќе време за преговори и соопшти дека блокадата на иранските пристаништа ќе продолжи.
Во објава на својата платформа „Тру соушал“ американскиот претседател напиша дека одлучил да го „продолжи примирјето“ додека „Иран не претстави предлог за прекин на конфликтот“ и дека им наредил на американските вооружени сили да ја одржат блокадата.
Трамп рече дека дејствува на барање на Пакистан за да ги одложи нападите додека иранските лидери и претставници не го изнесат она што тој го нарече единствен предлог за прекин на конфликтот.
април 23, 2026

