Connect with us

Општини

Во Штип одбележан Денот на кинескиот јазик

Во штипското Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“  денеска беше одбележан Денот на кинескиот јазик. Директорот на ООУ „Ванчо Прќе“ Кокан Радев вели дека ваквите активности им отвораат нови видици на учениците и им даваат шанса да запознаат поинакви, но многу интересни култури. Во програмата имаше содржини што ја доближија кинеската традиција, јазик и обичаи до младите.

-Се надевам дека ова ќе отвори за нашите ученици нови хоризонти, ќе се запознаеме со култура која можеби за нас е малку подалечна. Но секако сигурно ќе ни биде многу интересна. Ви благодарам на присуството, почестени сме како училиште – изјави Радев. А

мбасадорката на Кина, Џијанг Сјаојан истакна дека годинашното одбележување на Меѓународниот ден на кинескиот јазик се одржува токму во Штип, бидејќи има посебно значење во соработката меѓу двете земји. Таа посочи дека поврзаноста се гледа и преку конкретни проекти и иницијативи што придонесуваат за подобар живот на локалното население.

-Овогодинешниот настан, по повод Меѓународниот ден на кинескиот јазик се одржува специјално во Штип. Град, кој зазема посебно место во соработката помеѓу нашите две земји . Експресниот пат што ги поврзува Миладиновци и Штип, финансиран и изграден од кинеска компанија, значително го скрати времето на патување и значително ја подобри регионалната поврзаност. Многу македонски пријатели го нарекуваат кинескиот пат. Штип е исто така дом на првиот центар на национално ниво за традиционална медицина на Балканот и единствен од ваков вид во Македонија, кој повеќе од една деценија обезбедува услуги од областа на традиционалната кинеска медицина за локалното население – вели Сјаојан.

Амбасадорката го спомена и штипјанецот Марјан Јовчевски, кој долго време се занимава со трговска соработка со Кина и носи кинески производи во многу македонски домови. Таа изрази надеж дека уште повеќе луѓе од Штип ќе учат кинески јазик и ќе ги искористат можностите што ги нуди Кина. 

-Мојот пријател Марјан, роден во Штип. Долго време се занимава со трговска соработка со Кина, носејки кинески производи низ илјадници домаќинства во Македонија. Искрено се надевам дека уште повеќе пријатели од Штип, ќе учат кинески јазик и ќе ги искористат можностите што ги нуди Кина – рече Сјаоан. 

 Амбасадорката на Кина изрази искрена благодарност до пријатели од сите сфери на животот, кои ја поддржуват културната размена помеѓу двете земји. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3