Општини
Кандидатот за градоначалник Александар Китански на средба со пензионерите во Пехчево
Кандидатот за градоначалник на општина Пехчево Александар Китански, заедно со носителот на советничката листа Миле Гошевски и тимот советници, денеска во Пехчево оствари средба со пензионерите од општината.
На средбата присуствуваа и заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, како и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.
Китански истакна дека ваквите директни средби се од особено значење, бидејќи овозможуваат непосредна размена на мислења и предлози.
-Разговорот со пензионерите го водевме искрено и отворено, лице в лице, за да ги слушнеме нивните потреби и заеднички да најдеме решенија за подобар животен стандард, рече Китански.
Пензионерите, пак, укажаа на повеќе предизвици со кои се соочуваат, меѓу кои потребата од унапредување на здравствените услуги во општината, зголемување на социјалната поддршка и создавање повеќе локални програми кои ќе го подобрат квалитетот на животот на повозрасната популација.
Според Китански, тимот „За твое Пехчево“ ќе продолжи да биде близу до граѓаните преку редовни средби и консултации, а акцентот ќе биде ставен на развојни проекти што ќе донесат корист за сите генерации.
-Нашата цел е да изградиме Пехчево кое ќе биде пристојно место за живеење и за младите и за повозрасните. Само со меѓусебна почит и конкретни решенија можеме да го постигнеме тоа, додаде Китански.
Тој најави дека во наредниот период ќе продолжат средбите со различни целни групи во локалната заедница, со цел директна комуникација и преточување на забелешките на граѓаните во конкретни програми и мерки.
октомври 10, 2025

