Фудбал
Скопје и Шкендија Арачиново нови прволигаши, Брера и Пелистер испаднаа
Екипите на Шкендија и на Скопје следната сезона ќе играат во Првата македонска фудбалска лига, додека Пелистер и Брера се селат во Втората лига.
Ова е епилогот по денешните баражи во Кавадарци и во Битола.
Скопје пласман во елитата избори со минимална победа над Брера од Струмица со 1:0. Натпреварот се одигра во Битола.
Во Кавадарци победникот беше решен на пенали (4:3). Претходно Шкендија Арачиново поведе во 54. минута, Пелистер изедначи во 90+8.минута.
јуни 1, 2026


