Фудбал
Леао: Горд сум што го напишав моето име во историјата на Милан, но сакам ново поглавје
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, ги откри своите намери да го промени клубот.
-Горд сум што го напишав моето име во историјата на Милан, но сакам ново поглавје. Се чувствувам подготвен да играм во друга лига. Направив сè што можев за Милан, но време е да пробам нов предизвик, изјави 26-годишниот Португалец за „Спорт ТВ“.
Фудбалската вредност н аЛеао се проценува на 50 милиони евра. Сепак, засега нема информации каде би можел да се пресели.
Леао игра за Милан од август 2019 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2028 година.
Во сезоната 2025/26, Леао постигна 10 гола и имаше три асистенции во 31 натпревар.
јуни 1, 2026
