Connect with us

Фудбал

Хаверц трет фудбалер кој постигнал гол во финале на Лигата на шампионите за два различни тима

Напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц, го отвори резултатот во финалето на Лигата на шампионите 2025/26 против ПСЖ.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер постигна гол во шестата минута од натпреварот.

Според „Опта Спортс“, Хаверц стана третиот играч по Кристијано Роналдо и Марио Манџукиќ кој постигнал гол во финале на Лигата на шампионите за два различни тима. Во решавачкиот натпревар сезоната 2020/21 година во Порто, Германецот го постигна единствениот гол за Челзи против Манчестер сити во 42. минута.

Роналдо постигна гол во финалињата на Лигата на шампионите за Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, додека Манџукиќ постигнал гол за Јувентус и Баерн Минхен.

Натпреварот ПСЖ – Арсенал се игра во Будимпешта, Унгарија, на „Пушкаш Арената“.

Ad
Ad