Фудбал
Реал и ПСЖ се вклучуваат во трката за Енцо Фернандез
Реал Мадрид и ПСЖ се меѓу оние кои се заинтересирани да го ангажираат фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, објави новинарот Флоријан Плетенберг.
Според Плетенбург, во конкуренција за ангажман на 25-годишниот Аргентинец ќе влезе и Манчестер сити, откако ќе биде официјализирано назначувањето на тренерот Енцо Мареска на местото на Хосеп Гвардиола.
Токму Мареска во текот на сезоната 2025/26 го предводеше Челзи и соработуваше со Енцо.
Трансферната цена на Фернандез би можела да достигне околу 100 милиони евра.
Фудбалерот е во Челзи од јануари 2023 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2032 година.
Во сезоната 2025/26, Фернандез постигна 15 гола и имаше седум асистенции во 54 натпревари во сите натпреварувања.
мај 28, 2026
