Connect with us

Фудбал

Иранските фудбалери се добредојдени во Мексико, порача претседателката Шајнбаум

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави денеска дека нејзината земја „нема проблем“ да ѝ биде домаќин на фудбалската репрезентацијата на Иран за време на претстојното Светско првенство, откако базата на иранскиот тим беше преместена од САД во Тихуана.

Иран своите мундијалски натпревари од групната фаза ќе ги игра во САД, но базата на репрезентацијата ќе биде во Тихуана, град на границата со САД, јужно од Сан Диего. Промената претходно ја објави Фудбалската асоцијација на Иран, а подоцна официјално ја потврди и ФИФА.

Одлуката доаѓа во време на зголемени тензии поради војната во Иран, која ја започнаа САД и Израел на 28 февруари.

Шајнбаум изјави дека претставник на ФИФА ѝ соопштил дека американските власти не сакаат иранскиот национален тим да остане на територијата на САД надвор од термините на натпреварите.

„САД не сакаат иранската репрезентација да преноќи во САД. ФИФА нè праша дали можат да бидат сместени во Мексико и ние одговоривме дека немаме проблем со тоа“, рече мексиканската претседателка.

Иран во рамки на Светското првенство ќе игра против Нов Зеланд на 15 јуни во Инглвуд, а шест денови подоцна против Белгија, додека дуелот против Египет е закажан за 26 јуни во Сиетл.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1