Connect with us

Фудбал

Голот со „ножички“ на Мектоминеј на банкнотата од 20 фунти

Голот со „ножички“ што шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминеј го постигна во победата од 4-2 над Данска во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 ќе биде овековечен на банкнотата од 20 фунти.
Победата над Данска беше клучна за пласманот на Шкотска на претстојниот Мундијал, прв пат по пауза од 28 години.
Фудбалерот од средниот ред на Наполи ја навести до победата со прекрасен гол со „ножички“ што го постигна во третата минута од натпреварот на „Хемпден Парк“.
За да го одбележи враќањето на Шкотска на Светското првенство, Банката на Шкотска издаде банкнота во ограничено издание од 100 примероци на кои е насликан погодокот на Мектоминеј.
„Чувството дека сите фанови на шкотската репрезентација можат да го видат мојот гол на банкнотата е нешто посебно. Сето ова е малку надреално и јас, едноставно, сум неверојатно горд“, изјави Мектоминеј за Би-Би-Си.
Шкотска на претстојниот Мундијал ќе игра во групата Ц против Хаити, Мароко и Бразил.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1