Connect with us

Вести

Средба Мицкоски – Пленковиќ во Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Охрид имаа тет-а-тет средба, по што се одржаа и билатерални разговори на делегациите на двете влади во хотелот „Инекс Олгица“.

– Во духот на пријателството, меѓусебната почит и партнерството разговаравме за унапредување на соработката меѓу двете држави во повеќе стратешки области, како што се економијата, енергетиката, инфраструктурата, европските интеграции и регионалната безбедност. Средбите претставуваат уште една потврда за силните и пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска, како и за заедничката определба за стабилен, безбеден и европски регион – објави на „Фејсбук“ премиерот Мицкоски

Двајцата премиери треба да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка. 

Претходно, со свечена церемонија премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ на охридскиот аеродром. 

– Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност – напиша Мицкоски по пречекот на неговиот хрватски колега.

Во 12.30 часот е предвидена заедничка прес-конференција на Мицкоски и Пленковиќ. За време на престојот на Пленковиќ во Македонија предвидена е и бизнис-средба на сопственици на компании од двете држави.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1