Connect with us

Вести

Собраниска расправа за фискалната стратегија 2027 – 2031

Фискалната политика, која овозможи континуиран раст од вториот квартал во 2024 година досега, продлжува и во наредниот среднорочен период. Политиката е во насока на фискална одговрност и дисциплина, планирање и користење на јавните средства во рамките на реални и одржливи фискални можности, постепеност и предвидливост – фискалната консолидација се спровдува фазно, без нагли ограничувања, кои би можеле да предизвикаат економски шокови, социјална правичност, заштита на најранливите категории од негативните фекти на кризата и зголемување на транспрентноста и отчетноста преку јасно дефинирани мерки и механзими за следење и известување – рече денеска од собраниската говорница заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски.

Образложувајќи ја фискалната стратегија за периодот 2027 – 2031 година во рамките на 102. седница, Јанкуловски истакна дека даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија, како и на поголема наплата на средства во државниот буџет. 

Политиката на управување со јавниот долг, напомена заменик-министерот, ќе биде наосчена кон обезбеудвање на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите од задолжувањата во претходните години и за реализирање на капиталните инвестиции, без да се предизвика неоправдано зголемување на долгот,.

Владата на 21 април ги усвои фискалните проекции за периодот 2028 – 2031 година врз основа на постојното законодавство во согласност со нуремичките фисклани правила за дефицитот, а за 2027 година, поради надворешни влијанија и ризици со пролонгирано дејство, е предвидено да отстапува за 0,5 отсто и да изнесува 3,5 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит како процентуално учество во БДП се намалува од 3,5 во 2027 година, 3 отсто во 2028, 2,8 во 2029 – 2031 година. На среден рок од фискалните проекции се очекува зачувување на макроекономската стабилност и фискалната одржливост, со што ќе се создадат поповолни услови за динамизирање на економската активност, активна и одговрна фискална политика во функција на економскиот раст, дисциплинирана буџетска потрошувачка и реализација на зголемени перформанси од работењето со подобар квалитет на јавните услуги, реализација на капиталните расходи и на инфраструктурните проекти во министерствата во приоритетните области – истакна Јанкуловски.

Пред почетокот на општата расправа процедурално за збор се јави Оливер Спасовски од СДСМ, кој укажа дека министерката за финансии потворно не е присутна на собраниската седница и покрај сериозноста на точките од дневниот ред.

– Разговараме за два важни документи за државата – фискалната стратегија и задолжувањето. Реагирам поради јавноста  – за важните прашања како овие треба да дојде министерката за финансии. Лесно е на „Фејсбук“ да напишете „ве повикувам сите да разговоараме за долговите“, а од Собранието да избегате, да не дојдете тука. Тоа го прави и за буџетот, а јавноста бара објаснување. Нема подобра можност од тоа да дебатирате во законодавниот дом, да видиме која е визијата за фискалната стратегија – рече Спасовски.

По него, исто така процедурално, за збор се јави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој информира дека министерката за финансии е на службено патување планирано пред еден месец.

– Знаете дека министерката е на службено патување, а ја барате на пленарна седница. Она што Деловникот го бара е претставник од Министерството за финансии. Ние го имаме заменик-министерот. Ако навистина барате одговори, имаме кредибилен човек. Министерката е на планирано патување во Словенија, планирано пред повеќе од еден месец, а законот за задолжување дојде претходната недела. Најмалку сакам да ѝ бидам адвокат на министерката, но да ја информираме јавнста зашто од вчера почнавте со оркестриран напад – каде е министерката – нагласи Мицевски.

Спасовски праша зошто сега се поднесени во Собранието двата закони, за фискалната стратегија и за задолжувањето, ако патувањето на министерката било планирано пред еден месец и се знаело дека ќе биде отстутна.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1