Фудбал
Ниту еден фудбалер на Реал не се најде во составот на Шпанија за СП 2026
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, не вклучи ниту еден играч на Реал Мадрид во составот за Светското првенство 2026.
Тренерскиот штаб на шпанската репрезентација денес го објави конечниот состав за Светското првенство во 2026 година. Ниту еден играч на Реал Мадрид нема во списокот од 26 фудбалери.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Мексико, САД и Канада. Во групната фаза, Шпанија ќе се соочи со Уругвај, Саудиска Арабија и Зелено’ртски Острови.
Реал Мадрид ја заврши сезоната 2025/26 без трофеј. Во Ла Лига, „Кралскиот клуб“ освои 86 бода и заврши втор. Тие заостануваа зад Барселона со осум бода.
мај 25, 2026
