Connect with us

Кошарка

Проблеми со безбедносните мерки во салата во Атина за Ф4

Голем број на технички проблеми на полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот во Атина, па организаторите за утрешниот финален натпревар најавуваат зголемени мерки.

Во еден момент организаторите биле принудени да ги пропуштаат навивачите без нивните влезници да бидат скенирани што донесе турканици и хаос во салата. Исто така малиот број редари во одредени зони придонесоа до неколку инциденти меѓу навивачите.

Проблемите имаа влијание и на официјалниот дел од програмата.

За неделниот финален натпревар бројот на луѓето задолжени за обезбедувањето во салата дополнително ќе биде зголемен односно бројката ќе биде над 1.000, а ќе има зголем број и на полициски службеници на улиците на Атина.

Евролига воведе и дополнителна контрола за сите кои имаат влезница ќе мора да бидат и идентификувани според личен документ.

Финалето на Евролигата меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид се игра утре (недела) во Атина со почеток во 20 часот.

Ad
Ad