Вести
Бугарски пратеник ќе крева меѓународна врева за да влијае на судски процес во Македонија
Бугарски пратеник ќе крева меѓународна врева за да влијае на судски процес во Македонија по тешка сообраќајна незгода. Ангел Георгиев од „Преродба“ ќе му се жали на македонскиот амбасадор во Софија, а и ќе го известел и Евро-паралемнтот дека македонски суд на бугарска државјанка, која е обвинета за сообраќајна несреќа со една жртва и за која во тек е судење, не и дава да да оди на лекување во Бугарија. Судот за обвинтетата има изреќено мерка забрана за напуштање на живелаиштетот, во случајов Кочани. Пратеникот дури ја брани и тврди дека извесната Ана Михаилова не била виновна во сообраќајната незгода, туку другиот возач влетал во нејзината лента за возење, пренесува Телевизија Алфа
Тој се заканува дека ова ќе има влиајние и врз македонските евроинтеграции, но ги критикува и властите во Софија бидејќи иако Михаилова е од Кочани, побарала помош од бугарската амбасада во Скопје пред седум месеци, но тие не биле заинтересирани за, како што вели, своите сонародници во странство.
„Станува збор за ситуација која може трајно да го наруши здравјето на една млада жена. Доколку македонските власти не дозволат таа да се лекува во Бугарија, тоа ќе испрати лош сигнал во контекст на евроинтеграциите и третманот на лицата со бугарска самосвест“, тврди Георгиев.
На бугарска државјанка која живее во Кочани и е забрането да го напушта домот и е под мерки на претпазливост со одземен пасош бидејќи е обвинета во случај за сообраќајка во која најмалку едно лице го загубило животот.
„Против лицето бугарски државјанин за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по 300 член став 4 има покренато обвинителен предлог и судењето е во тек“ одговорија од судот во Кочани.
Ова не е првпат бугарски политичари да се обидуваат преку поединечни случаи да вршат политички притисок врз македонските институции и правосудството.
Овој пратеник од „Преродба“ и е познат на македонската јавност затоа што учествуваше и во нападот на македонските гранични полицајци откако пред три години им беше спречен влез за чествување на роденденот на Гоце Делчев.
Во изминативе години сведоци сме на низа инциденти, провокации и изјави со кои одредени кругови во Софија се обидуваат секое судско или политичко прашање да го претворат во тема за наводна дискриминација на Бугарите во Македонија.
Од случајот со клубовите „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, преку блокадите на македонскиот евроинтеграциски пат, па сè до постојаните закани со вето и условувања..
мај 20, 2026
