Тенис
Трета титула на Свитолина на Мастерсот 1000 во Рим
Украинската тенисерка Елена Свитолина триумфираше на Мастерс 1000 турнирот во Рим откако во финалето со 2-1 во сетови (6:4; 6:7 (3) и 6:2) ја совлада Американката Коко Гоф. Ова за Свитолина е трета турнирска победа на турнирот во Рим.
Првиот сет и припадна на Свитолина, која во завршницата на сетот направи два брејка за 6:4 во гемови. Во вториот сет до прва предност дојде Гоф, со брејк за водство од 6:5 во гемови, но Свитолина веднаш изедначи и се играше тај брејк што и припадна на Гоф со 7:3 на поени. Во решавачкиот сет Свитолина направи два брејка во петтиот и седмиот гем, а потоа на свој сервис ја искористи третата меч топка откако во гемот спаси три брејк топки.
Финалниот меч траеше 2 часа и 49 минути, а Свитолина во десеттиот меч во три сета по деветти пат успеа да излезе како победничка.
Утре во машкото финале од 17 часот ќе играат Јаник Синер и Каспер Руд
мај 17, 2026
