Останати спортови
Одбојкарките на Работнички ја освоија шампионската титула
Одбојкарките на Работнички се нови шампиони откако во мајсторката од плеј офот во Струмица со 3:1 во сетови (16:25; 25:20; 27:25 и 25:23) го совладаа тимот на Наковски волеј со 3-2 во победи. Ова беше прв триумф на Работнички сезонава на теренот на противникот.
Натпреварот почна во знак на домашната екипа, која го доби првиот сет и поведе со 1:0, но во вториот гостинскиот тим беше поуспешен и изедначи на 1:1. Решавачки беше третиот сет во кој избраничките на тренерот Душко Деспотовски го добија со 27:25, а во завршницата на сетот двете екипи имаа предност. Во четвртиот сет Работнички ја искористи психолошката предност и постојано беше во водство.
За одбојкарките на Работнички ова е 18.та шампионска титула.
Шампионскиот пехар на новиот шампион го преддаде потпретседателот на ОФМ Ивица Хаџи-Иљоски.
мај 12, 2026

