Кошарка
Легендарната Тина Чарлс ја заврши кариерата по 14 ВНБА сезони
Осумкратната Ол-стар кошаркарка и поранешна МВП во женската американска професионлна кошаркарска лига (ВНБА), Американката Тина Чарлс (37), го објави крајот на својата професионална кариера, која траеше 16 години.
Чарлс е втората најефикасна кошаркарка во историјата на ВНБА со 8.396 поени и лидер според бројот на скокови (4.262). Само Дијана Таураси постигна повеќе поени од неа (10.646).
Во ВНБА, Чарлс настапуваше за Конектикат Сан, Њујорк Либерти, Вашингтон Мистикс, Феникс Меркјури, Сиетл Сторм, Атланта Дрим, а беше дел и од турските клубови Галатасарај и Фенербахче.
Чарлс никогаш не освои ВНБА титула, но се закити со три олимписки златни медали со тимот на САД. Многумина ја сметаат Чарлс за најдобрата кошаркарка во историјата на ВНБА која не настапиле во финалната серија за титула. Во своите 14 сезони во ВНБА лигата, Чарлс одигра вкупно 473 натпревари со просек од 17.8 поени и девет скокови.
мај 6, 2026

