Connect with us

Свет

Бразилскиот Сенат го одби кандидатот за врховен судија, што е прв ваков случај по 130 години

Бразилскиот Сенат го отфрли кандидатот за врховен судија за првпат по повеќе од 130 години, што претставува сериозен удар за претседателот Луиз Инасио Лула да Силва, пренесе ДПА.

Сенаторите гласаа со 42 гласови „против“, наспроти 34 „за“ и еден воздржан, против потврдувањето на државниот обвинител Хорхе Месијас, објави вчера агенцијата G1. 

Ова е прво такво отфрлање на кандидат од 1894 година, кога Сенатот блокираше неколку кандидати кога претседател бил Флоријано Пеишото, потсетува германската агенција.

Од тајното гласање не е сосема јасно кои политички фракции се спротивставија на кандидатот, но исходот од гласањето ја истакнува фрагментираната природа на Сенатот, каде што владата на Лула нема стабилно мнозинство.

За време на сослушувањето за потврда на кандидатурата Месијас го повтори своето противење на абортусот, многу спорно прашање во претежно католичкиот Бразил, и ги критикуваше претходните одлуки на Врховниот суд за кои рече дека го поткопале авторитетот на судот. Тој, исто така, предупреди на растечкиот „судски активизам“, без да го поврзе со некој специфичен политички табор.

Месиас, кој раководи со државното обвинителство, беше номиниран да замени судија кој доброволно се повлече од функцијата. Лула сега мора да предложи нов кандидат за Врховниот суд од 11 члена, пренесе ДПА.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2