Ракомет
Македонските ракометарки обезбедија медал на Светското првенство за средношколки
Македонската женска репрезентација се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје.
Македонките денес во полуфиналето ја победија Турција со 30:22 (12:12 полувреме) и обезбедија најмалку сребрен медал.
Во финалето македонските репрезентативките ќе се соочат со врсничките од Хрватска.
Хрватките во денешното прво полуфинале ја победија Романија со 25:20.
И македонската машка репрезентација ќе игра полуфинале, попладнево за ривал ќе ја има селекцијата на Србија.
Во другото полуфинале ќе се соочат Израел и Хрватска.
април 27, 2026

