Connect with us

Ракомет

Ројевиќ: Имаме активен резултат пред реваншот со Целје

Тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, изјави дека неговите ракометари имаат активен резултат пред реваншот на домашен терен против Целје во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп на кој со помош на публиката ќе се обидат да ја надоместат негативата од еден гол.

Македонскиот прволигаш вчеравечер претрпе минимален пораз на гостувањето во Целје од 27-26 во натпревар со многу осцилации во играта и резултатски пресврти.

„Одигравме еден извонреден натпревар во прекрасен амбиент. Целје несомнено покажа дека е најталентираната екипа во Европа, но честитки за моите ракометари на извонредната игра и прикажаниот карактер. Успеавме да се вративме од негатива од шест – седум голови и дојдовме до активен резултат за реваншот“, изјави синоќа Ројевиќ по натпреварот за клупскиот сајт.

Реваншот е на програмата идната сабота во СРЦ „Билјанини извори“ со почеток во 19 часот.

„Сакам да упатам благодарност до сите наши навивачи кои дојдоа во Целје во голем број и ги повикувам и на реваншот во „Билјанини извори“ да ја исполнат салата до последното место, да направиме еден незаборавен амбиент и да се обидеме да го елиминираме поранешниот европски првак Целје и да играме во финалето“, порача тренерот на Охрид.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3