Connect with us

Хроника

МВР: Приведени деветмина кои возеле без возачка, еден алкохолизиран, а друг имал забрана

Единаесет возачи биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Од нив, деветмина возеле без возачка дозвола, еден алкохолизиран, а друг имал забрана за управување возило, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина затоа што управувале возила без возачка дозвола – тројца во Скопје, по двајца возачи во Тетово и Струга, а по еден во Прилеп и Куманово, еден возач во Прилеп управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во Скопје управувал возило иако имал активна мерка забрана за управување. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – информираа од МВР.

Во соопштението се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4