Connect with us

Хроника

Семејно насилство пријавиле четири лица изминатото деноноќие во полиција, приведен 18-годишен скопјанец

Четири пријави за семејно насилство се евидентирани во последното деноноќие, едно лице било лишено од слобода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 3:40 часот во СВР – Скопје, 20-годишна жена пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер О.В., 18-годишен скопјанец. Од полициски службеници од СВР – Скопје, О.В. бил приведен во Полициската станица – Центар и по целосно расчистување на случајот, ќе следува соодветен поднесок – информираа од МВР.

Синоќа во 20:20 часот во ОВР – Делчево, 57- годишен маж пријавил дека неговиот зет за ќерка, М.Б. од Делчево, ја избркал од домот, ќерката на пријавителот и не ѝ дозволил да го земе нивното бебе.

– Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи – Делчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот – додадоа од МВР.

Вчера околу 16:30 часот во СВР – Скопје, С.Д., 29-годишна скопјанка, пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Р., 35-годишен скопјанец. Исто така и Е.Р. пријавил дека бил физички нападнат од С.Д., а употребила и тврд предмет.

– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок – појаснија од МВР.

Вчера во 15:30 часот во СВР – Скопје, 61-годишен маж пријавил дека на 22 април, во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата партнерка К.П. и нејзиниот син П.П..

И за овој случај се преземале мерки за негово расчистување.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4