Хроника
Лишен од слобода шверцер на мигранти во близина на границата со Грција, пронајдени пет лица од Виетнам
Во близина на граничната линија со Грција, во атарот на селото Богородица, вчера, околу 2.30 часот, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода У. Ш. (48) од Скопје поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“, со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам.
Како што соопшти МВР, по наредба на јавен обвинител, У. Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг – Гевгелија.
април 24, 2026

