Connect with us

Кошарка

Јокиќ: Најважен е следниот натпревар

Кошаркарите на Денвер се наоѓаат во негатива по ноќешниот пораз од Минесота, која сега води со 2:1 во победи во плеј офот. Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ имаше лош натпревар со слаб процент на шут.

–  Сме успевале да се вратиме многу пати во плеј оф натпревари. Најважен е следниот натпревар. Мораш да го победиш и потоа да мислиш што понатаму. Но, мора да играме подобро. Тие се исклучителни добри во одбрана, а тоа го покажаа во првата четвртина (Денвер постигна 11 поени) и кога ќе почнеш така, подоцна и „лесните“ не успеваш да ги погодиш, изјави Јокиќ.

Натпреварот број 4 се игра вечерта сабота на недела на теренот на Минесота.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1