Кошарка
Вембањама патува со тимот за Портланд
Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембањама ќе биде дел од екипата на претстојните два дуела во Портланд, иако ги минува медицинските протоколи на НБА по добиениот потрес. Тренерот на Сан Антонио потврди дека заздравувањето на играчот напредува, но не сакаше со сигурност да потврди дека кошаркарот ќе биде во составот на вечерашниот натпревар број 3 од плеј офот против Портланд.
Вембањама во текот на вчерашниот ден бил во тренинг центарот, а во клубот истакнуваат дека најважно е тој во целост да биде здрав.
Тој за време на натпреварот број 2 доживеа потрес на мозок и дуелот во напушти во втората четвртина. Скорот во победи е 1-1, а следните два дуела се играат во Портланд (петок и недела).
Отсуството на Вембањама може да биде голем удар за Сан Антонио, кои имаа втор биланс во лигата, но без него во регуларниот имаа 12-6 (победи-порази).
април 25, 2026

