Connect with us

Ракомет

Македонските ракометарки го освоија првото место во групата на Светското училишно првенство

Женската македонска репрезентација го освои првото место во својата група во рамки на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје. Избраничките на селекторката Даниела Новеска во дуелот од третото коло ја совладаа Словачка со убедливи 29:13, полувреме 11:7.

На тој начин со три победи и без загубен бод македонската селекција го потврди првото место во групата.

Утре е слободен ден на шампионатот, додека в недела македонскиот состав во четвртфиналето ќе игра против Бразил или Романија. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3