Connect with us

Кошарка

Минесота поведе во дуелот со Денвер, Јокиќ имаше слаба реализација од игра

Кошаркарите на Минесота предводени од Џејден Мекдениелс остварија нова победа во плеј-офот против Денвер со 113:96 и поведоа со 2-1 во првото коло. Најдобар на теренот беше Мекдениелс со 20 поени и 10 скокови, но и одличен ефект во одбраната. Минесота одигра одлична одбрана во првиот период, кога на противникот му дозволи да постигне само 11 поени.

На спротивната страна Никола Јокиќ реализираше 27 поени, но со слаб процент на шут 7 од 26 или 2 погодени тројки од 10 обиди. Дополнителен проблем за Денвер беше и отсуството на Ерон Гордон, кој поради повреда не настапи.

И на другите два дуела одиграни ноќеска победија домашните екипи. Атланта победи минимално против Њујорк со 109:108 и поведе со 2-1 во добиени натпревари, додека Торонто убедливо го совлада Кливленд со 126:104 и го намали водството на ривалот на 2-1. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2