Connect with us

Ракомет

Ракометарите на Вардар со триумф над Алкалоид го прославија 65 роденден

Ракометарите на Вардар 1961 дојдоа на чекор со освојување на шампионската титула, откако вечерва пред своите гледачи го совладаа Алкалоид со 30 – 27 во дерби натпреварот од 6 коло од плејофот во Супер лигата.

Избраниците на Иван Чупиќ продолжија во ист ритам во второто полувреме и во 40 минута поведоа со 24-19.

Алкалоид се обидуваше да се врати резултатски во игра, но во играта на Вардар немаше осцилации и „црвено – црните“ ја зачуваа предноста до самиот крај.

Јака Малус со осум голови беше најефикасен во редовите на Вардар, а голманот Валах запиша 14 интервенции на голот.

Вардар со оваа победа на најдобар можен начин го прослави својот 65 роденден и дојде на бод до освојување на шампионската титула.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4