Општини
Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
Локацијата Тумбе Кафе во Битола и натаму се расчистува од заостанати убојни средства, при што досегашните резултати покажуваат сериозен обем на опасен материјал од минатото.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека досега се пронајдени над илјада неексплодирани убојни средства, а активностите на терен ќе продолжат и во наредниот период со цел целосно обезбедување на просторот.
„Кај Тумбе Кафе, над куќите, досега се најдени 1.067 неексплодирани убојни средства. Половина се рачни бомби, а останатите се минофрлачки гранати од Првата светска војна, но очекуваме да најдеме уште толку“, изјави Ангелов.
За техничките детали и активностите на терен зборуваше и пиротехничарот од ДЗС Битола, Ѓорги Стефанов, кој посочи дека станува збор за сложен процес што бара внимателен пристап и континуирана работа.
Од ДЗС информираат дека расчистувањето на оваа локација ќе продолжи и во наредниот период, со цел целосно отстранување на опасните средства и зголемување на безбедноста на населението во околината.
април 23, 2026

