Општини
Пријавување за полагање стручен испит за воспитувачите и стручните соработници во јавните ученички домови
Во согласност со Законот за ученичкиот стандард, Министерството за образование и наука организира стручен испит за воспитувачите и стручните соработници во јавните ученички домови, кои по истекот на приправничкиот стаж се должни да го полагаат испитот.
Полагањето на стручниот испит Министерството за образование и наука ќе го реализира во текот на идниот месец.
Во објавата на веб-страницата на МОН се наведени документите кои кандидатите треба да ги поднесат заедно со пријавата и уплата од 1.600 денари.
Пријавата со комплетната документација се доставува до МОН, на адреса бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54., 1000 Скопје, најдоцна до 4 мај 2026.
април 23, 2026

