Кошарка
Монтеро „ѕвезда во подем“ во Евролигата
Кошаркарот на Валенсија, Жан Монтеро, е добитник на наградата „Ѕвезда во подем“ на Евролигата за сезоната 2025/26, објави денеска натпреварувањето.
Дваесетиедногодишниот бек на шпанскиот клуб заврши убедливо прв во гласањето в кое традиционално учествуваат тренерите на клубовите од Евролигата, а се доделува секоја сезона на играч помлад од 22 години.
Монтеро го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата со просек од 13,7 поени по натпревар, 4.6 асистенции и рејтинг на корисност од 16,4.
Кошаркарот на Валенсија ја почна кариерата во Доминиканската Република, а се пресели во Шпанија во 2019 година кога потпиша за Гран Канарија. Потоа играше за Реал Бетис и Андора, пред да потпише за Валенсија во 2024 година.
април 23, 2026

