Кошарка
Јапонија домаќин на СП 2030 за кошаркарки, машкиот турнир во 2031 во Франција
Светското првенство за жени во 2030 година ќе се одржи во Јапонија, додека Франција ќе биде домаќин на мундијалскиот турнир во машка конкуренција една година подоцна, објави денеска Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Женското Светско кошаркарско првенство во 2030 година ќе се одржи од 26 ноември до 8 декември, а домаќин ќе биде Токио, градот домаќин на Олимписките игри во 2021 година.
Една година подоцна, од 29 август до 14 септември, Лил, Лион и Париз ќе бидат домаќини на Светското првенство за мажи.
ФИБА објави дека двете земји домаќини имаат исклучително искуство и знаење во организирањето на големи натпреварувања, што го покажува организацијата на последните Олимписки игри во Токио и Париз.
Франција ќе биде домаќин на Светското првенство за прв пат во историјата, а тоа ќе биде првиот кошаркарски Мундијал на европско тло од 2014 година, кога Шпанија го организираше натпреварувањето.
Домаќин на следното СП за кошаркари ќе биде Катар во 2027, додека женскиот Мундијал во септември оваа година ќе го организира Германија.


