Connect with us

Економија

Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч

Енергетиката денес е прашање на стабилност, безбедност и геополитичка позиција. Македонија има јасна амбиција да се позиционира како регионален енергетски јазол, преку интерконективност, диверзификација и силен инвестициски циклус во обновливи извори. Нашата порака е јасна – ние сме партнер што нуди предвидливост, стабилност и конкретни можности за инвестиции, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер на која присуствуваше заедно со останатите членови на македонската владина делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена.

Како што информира Кабинетот на Божиновска, фокусот на разговорите со Штокер беше ставен на економијата, енергетската сигурност и регионалната стабилност, при што беше потенцирана поддршката за европската интеграција на Македонија и важноста од зајакнување на енергетската поврзаност. Во рамки на политичкиот состанок, на кој присуствуваа и претставници на австриската влада, се отворија теми поврзани со зелената транзиција, одржливите политики и новите енергетски модели.

Делегацијата од Македонија одржа и економски состанок со претставници на водечки австриски компании, при што беа разгледани конкретни можности за инвестиции, технолошки трансфер и продлабочување на економската соработка.

-Средбите испратија јасна порака дека економската соработка меѓу двете земји има силен потенцијал за раст, со конкретен интерес за нови инвестиции и долгорочно партнерство, наведуваат од Кабинетот на министерката Божиновска.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2