Економија
Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа попладнево учествуваше на деловната средба помеѓу бизнисмени од Северна Македонија и Австрија, одржана во рамките на официјалната владина посета на Виена. Во своето обраќање тој ја претстави Македонија како дестинација за зелени инвестиции, нагласувајќи ги конкретните можности во секторите на управување со отпад, пречистување на отпадни води и обновлива енергија.
Како што информира Кабинетот на Хоџа, посебно беа истакнати тековните капитални инвестиции, како што се регионалните центри за управување со отпад.

Министерот го истакна технолошкиот и финансискиот капацитет на Австрија и повика на конкретен дијалог, помеѓу институциите и бизнис заедниците, со цел намерите да се претворат во конкретни проекти.
-Зелената транзиција веќе се случува, прашање е само кој ќе биде дел од неа. Сметам дека заедно можеме да изградиме нешто вредно, и за нашите економии, и за да обезбедиме одржлива иднина за генерациите кои доаѓаат, истакна Хоџа.
април 23, 2026

