Connect with us

Кошарка

Тренерот на Валенсија прогласен за најдобар во Евролигата

Тренерот на Валенсија Педро Мартинез е прогласен за најдобар за тековната сезона 2025/2026. Ова за него е ново големо признание откако минатата сезона беше прогласен за најдобар тренер во Еврокупот. Тој пред почетокот на оваа сезона имаше само 41 натпревар во Евролигата.

Неговата екипа Валенсија регуларниот дел од Евролигата го заврши на второто место зад Олимпијакос. Неговата екипа е напаѓачки најдобар со 90,5 поени.

Мартинез е четвртиот Шпанец што ја добива наградата „Александар Гомељски“, по Пабло Ласо, Чус Матео и Чави Пасквал. Тој воедно е 14-ти тренер што ја добива оваа награда.

По три (најмногу) имаат освоено Жељко Обрадовиќ и Јоргос Барцокас.

По по бројот на гласови е тренерот на Жалгирис Томас Масијулис, а тренер тренерот на Олимпијакос Барцокас заврши како трет.

Мартинез и покрај скромниот буџет во Валенсија, неговата екипа остави впечаток дека тимот игра најатрактивна кошарка. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4